Флик: Не одигравме најдобро, ова беше тежок меч!

23.02.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Флик: Не одигравме најдобро, ова беше тежок меч!

Тренерот на Барселона, Ханси Флик, зборуваше по победата на неговиот тим од 2:0 против Лас Палмас во натпреварот од 25. коло на шпанската Ла Лига.

„По натпреварот се чувствувам уморен. Не одигравме најдобро што можеме. Беше многу тежок натпревар, но се е во ред“, изјави Флик.

Каталонците тешко стигнаа до победата, а во првиот сезонски меч, противникот му создаде маки на славниот тим. Тогаш Барса загуби со 1:2.

„Затоа имаме играчи на клупата. Имаат се да постигнат и тоа е нивна работа. Мислам дека понекогаш тоа е најдобрата опција што ја имаме – тие да ни помогнат. Но дали некои играат, а други не, зависи од мене. Голот на Олмо беше многу важен и за нас и за него. Неговото појавување на теренот беше многу позитивен момент“, додаде Флик.

Победата ги врати Каталонците на првото место, кои сега имаат бод пред второпласираниот Атлетико Мадрид.

„Мислам дека 5-10% секогаш зависи од поседувањето и контролата. Не одигравме како што би сакале, па имавме повеќе проблеми од вообичаено“, додаде Флик.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата