Фиорентина го „освои“ Олимпико и ја прекина серијата од 7 меча без победа

26.01.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Фиорентина го „освои“ Олимпико и ја прекина серијата од 7 меча без победа

Фудбалерите на Фиорентина ја совладаа екипата на Лацио со 1:2 во вечерашниот натпревар од 22-то коло од италијанската Серија А. Иако Лацио влезе како фаворит во натпреварот поради лошата форма во која се наоѓа Фиорентина, сепак гостите успешно го „освоија“ Олимпико и и ставија крај на црната серија.

Натпреварот беше решен уште во првото полувреме по головите на Адли во 11-тата и Белтран во 17-тата минута. Единствениот гол за Лацио го постигна Марушиќ во 92-та минута за ублажување на поразот. Со оваа победа Фиорентина се наоѓа на 6-тата позиција на табелата со 36 бода, а Лацио има три бода повеќе и се наоѓа на 4-тото место.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата