Финалистите во ЛЕ со порази дома, нов кикс на Нотингем!

11.05.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Финалистите во ЛЕ со порази дома, нов кикс на Нотингем!

Па може да се каже и очекувано, посебно ако се знае дека и Манчестер Јунајтед и Тотенхем ги чека меч на сезоната, дуел во финалето во Лигата на Европа.

Токму затоа и не чуди што попладнево во рамките на 36.коло и двата тима се поразени на свој терен.

Манчестер Јунајтед од Вест Хем со 0:2, со головите на Соучек и Боувен. Додека Тотенхем од Кристал Палас исто со 0:2 и тоа со головите на Езе.

Нотингем Форест направи неверојатен кикс и тоа на свој терен во битката за пласман во Лигата на Шампионите ако се знае дека одигра само 2:2.

Шумарите“ водеа со 2:1 до 81.минута Буананоте израмни на 2:2 и со тоа го расплака домашните фанови.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата