Фенер и Галата во „интерконтиненталното дерби“ одиграа 1:1 (ВИДЕО)

1.12.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Фенер и Галата во „интерконтиненталното дерби“ одиграа 1:1 (ВИДЕО)

Големото дерби на турскиот фудбалски шампионат, помеѓу екипите на Фенербахче и Галатасарај заврши со поделба на бодовите. Конечниот резултат гласи 1:1, во еден како по обичај екстра интересен и возбудлив дуел.

Гостите дојдоа во водство во 27 минута со голот на Сане. Резултатот не се менуваше се до последните моменти од мечот кога младиот Дуран, постигна ефектен гол и го израмни резултатот.

Со оваа поделба на бодовите разликата меѓу вечните ривали останува еден бод, а во предност е Галатасарај, кој е и лидер на табелата.

 


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата