Џеко може да биде казнет поради пресметка со навивачите

1.12.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Џеко може да биде казнет поради пресметка со навивачите

Искусниот Един Џеко е мета на критики во јавноста во Италија, откако по поразот на неговиот тим Фиорентина од Аталанта, во рамките од викенд колото во Серија А, влезе во отворен вербален конфликт со дел од навивачите на трибините.

Тоа автоматски значи и евентуална казна односно суспензија за босанецот, затоа што тоа реално е строго забрането, особено на највисоко фудбалско ниво.

Откако заврши мечот, играчите отидоа до трибината кај навивачите, за да слушнат што имаат да кажат. Во еден момент, Џеко зеде мегафон за да одговори на критиките. По поразот од АЕК неколку дена претходно, тој рече дека „не треба да ги исвиркуваат за секое лошо додавање“. Сега се обиде да ги објасни своите коментари, велејќи: „Вистина е дека не играме добро, но ни треба вашата поддршка“, пред да влезе во жесток разговор со некои од навивачите.

 


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата