Синоќешниот реванш дуел од полуфиналето во Лигата на Шампионите одиграно во Милано, помеѓу Интер и Барселона ќе биде запишано во аналите на светскиот фудбал, како еден од најдобрите фудбалски мечеви во историјата.
Реално, она што синоќа се случуваше на Џузепе Меаца е рамно на фудбалско совршенство и се што се нарекува убавина во овој спорт.
Навивачите на Интер се во екстаза, го слава пласманот во финалето, а во тоа имаат и другари што се вели. Навивачите на Реал Мадрид. Колкаво е ривалството помеѓу Реал и Барселона класично почажува денешниот потег на “Кралските“ навивачи.
Пред портите на тренинг центарот на Реал Мадрид, поставен е банер „Интер ти благодариме“ што е провокација на ниво што се вели за Каталонците кои денешниов ден очигледно ќе го помнат како еден од најтешките во животот.
Imagina el nivel de complejo que tienen para poner estas pancartas en Valdebebas.
"¡GRAZIE INTER!"
Son lo más ridículo que existe. Xd pic.twitter.com/QSHOb80Rcd
— Vetta 🆇 (@Vettaverso) May 7, 2025