И покрај сите најави, се чини дека нема ништо од враќањето на Лео Меси во Барселона. Ова го пренесува „Атлетик“, кој смета дека со ова фановоите на каталонската гордост ќе бидат разочарани зошто се очекуваше иконата на клубот барем една година да игра за Барса на новиот “Камп Ноу“ пред да ја заврши блескавата кариера.
Од САД доаѓаат информации дека Меси нема намера да се враќа во Европа, туку има намера да потпише нов двегодишен договор со Интер Мајами и тоа во 2026 година. Познато е дека него договорот со клубот од МЛС му истекува на крајот на оваа година.
Најдобриот фудбалер на сите времиња досега за Интер Мајами одигра 48 меча а притоа постигна 42 гола а имаше и 21 асистенции.
Лео Меси во јуни ќе наполни 38 години.