Евертон и Лидс го поделија пленот на „Хил Дикинсон“

26.01.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Евертон и Лидс го поделија пленот на „Хил Дикинсон“
фото: Everton FC (X)

Екипите на Евертон и Лидс одиграа изедначен натпревар кој заврши со резултат 1:1 во рамките на 23-тото коло од Премиер Лигата. Избраниците на Даниел Фарке повторно одиграа одличен меч на гостински терен и останаа непоразени.

Лидс поведе во 28-тата минута преку Џастин и започна грчевито да се брани од нападите на „карамелите“. Сепак, одбраната на Лидс не издржа и прими гол во 74-тата минута кога Бери на асистенција на Идриса Геје ја затресе мрежата на гостите. До крајот на натпреварот Евертон имаше иницијатива, но не успеа да постигне втор погодок и целосно да го сврти резултатот во своја корист.

Со ова реми Евертон останува на 10-тата позиција со 33 бода, а Лидс се наоѓа на 16-тото место со 26 бодови.

 


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата