Тимот на Евертон за последен пат настапи на својот легендарен стадион Гудисон Парк. Одсега тој ќе настапува на својот нов стадион, а како збогум за својот стодваесет годишен дом беше остваен триумф над веќе испаднатиот тим на Саутемптон.
Двата гола на овој меч ги постигна Илиман Ндијае уште во првото полувреме, односно во шестата односно 45. минута од мечот.
Фантастичната атмосфера на овој легендарен стадион ќе го одбележи овој викенд во Англија, а Евертон и Гудисон парк го заслужија тоа.