Зарем некој можеше да поверува дека ланскиот хит во Европа, тимот на Борац Бања Лука кој стигна до 1/4 финалето во Лигата на Конференции, синоќа на свој терен ќе бидат декласиран на свој терен со 1:4 и тоа од Санта Колома, аматерски клуб од Андора.
Интересно е тоа што екс стратегот на Шкупи, Младен Жижовиќ, го остави на клупата својот прв голман Дамјан Шишковски, па можеби тоа и му се одмазди.
Колку е овој пораз шокантен најдобро кажуваат коефициентите во обложувалниците кои пред мечот ставија 1.10 на победа на Борац.
Инаку по мечот и тоа како шмекерски потег на аматерите од Андора кои на официјалниот ФБ профил, оваа победа ја искоментираа кусо…
“Без зборови“…