Чаби Алонсо го молел Перез за Модриќ

11.07.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Чаби Алонсо го молел Перез за Модриќ

Чаби Алонсо иако бил свесен дека одлуката е конечно, сепак директно го прашал Флорентино Перез дали има шанси Лука Модриќ да остане, поточно одлуката да го напуштат да се поништи. Иако претседателот на Реал Мадрид го призна неговиот несомнен квалитет, клубот одлучи дека е време да се продолжи понатаму и помладите играчи да почнат да преземаат одговорност, пишуваат тамошните медиуми.

„Претседателе, никогаш не сум видел човек кој толку многу ја сака оваа игра и овој клуб на оваа возраст, тоа е неверојатно“, му рекол Алонсо на Флорентино, обидувајќи се да открие дали постои опција Модриќ да остане по Светското првенство. Сепак, сè беше одлучено веќе некое време. И Лука и клубот одлучија дека е најдобро секој да си оди по свој пат.

Модриќ наскоро ќе наполни 40 години и е јасно дека повеќе не е на ниво како некогаш. Тој сè уште покажува моменти на брилијантност, но се помалку и поретко, и тоа се чувствува.

Со доаѓањето на Чаби Алонсо, започнува нова ера, сосема поинаква фаза. Ова е идејата на шпанскиот тренер, а клубот целосно го поддржува во ова. Победничкиот циклус под водство на Зидан и Анчелоти заврши и сега започнува нешто ново.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата