Еве што кажа по елиминацијата: Дали Клоп сега ќе ја преземе селекцијата на Германија!?

30.06.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Еве што кажа по елиминацијата: Дали Клоп сега ќе ја преземе селекцијата на Германија!?
ФОТО: Јurgen Klopp/X

Германија си оди дома. Селекцијата на Германија е елиминирана од Парагвај уште во 1/16 финалето на СП. Ова ретко кој можеше да го очекува, но ете, се случи.

Иако германската репрезентација беше апсолутен фаворит во овој натпревар, на крајот тие се оние кои мора да си одат дома.
Јирген Клоп даде неколку многу интересни изјави по поразот на Германија од Парагвај.

Постојат 500.000 начини да се добие фудбалски натпревар. Само треба да се најде еден.“

Веднаш потоа се постави прашањето дали би го прифатил повикот да стане селектор на Германија.
“Ова не е момент навистина да се зборува за тоа. Нема што да се каже за тоа. Имам работа во која навистина уживам.“

Во врска со перформансите на тимот на Јулијан Нагелсман, Клоп сметаше дека Германија не направи многу и го критикуваше нивниот пристап во текот на 120-те минути.

Клоп, исто така, нагласи дека се потребни структурни промени во рамките на Фудбалската федерација на таа земја (DFB).
„Можеме да зборуваме за DFB. Апсолутно мора да промениме некои работи. Можеме да почнеме со U-10 и да почекаме неколку години за да видиме какви се резултатите.“


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата