„Ел Бомбардеро“: Мбапе се „распука“ во Билбао, Реал со убедлива победа (ВИДЕО)

3.12.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
„Ел Бомбардеро“: Мбапе се „распука“ во Билбао, Реал со убедлива победа (ВИДЕО)
фото: Real Madrid CF (X)

По три натпревари без победа, Реал (М) вечерва одигра одличен натпревар на гостувањето во Билбао и со убедливи 3:0 го совлада Атлетик во мечот од 19. коло во шпанската Ла Лига. Момците на Чаби Алонсо вечерва ја потврдија својата класа, а особено се истакна првата ѕвезда во тимот, Килијан Мбапе кој постигна два маестрални погодоци во победата на својата екипа.

„Кралевите“ тргнаа со водство од 0:1 уште во 7. минута. Мбапе направи еден вистински велеслалом во противничката одбрана, направи простор за шут и го матираше домашниот голман Унаи Симон. До крајот на првиот дел видовме уште еден погодок, овој пат по неколку префрлувања на топката со глава во домашниот шеснаесетник, на крајот Камавинга ја спроведе топката во домашната мрежа за 0:2.

Во вториот дел видовме уште едномало ремек-дело на Мбапе кој во 59. минута по вторпат го матираше Симон за високи 0:3. До крајот на мечот домашните се обидуваа да постигнат барем почесен гол, но мрежата на Куртоа остана празна.

Со оваа победа Реал остана на само еден бод заостанување зад лутиот ривал Барселона кој е на челот на табелата.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата