Легендата на Баерн заминува во пензија, во Минхен доаѓа еден од најдобрите голмани во светот!

3.12.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Легендата на Баерн заминува во пензија, во Минхен доаѓа еден од најдобрите голмани во светот!
ФОТО: FC Bayern Munich/fb

Се што е убаво си има свој крај. Така и кариерата на Мануел Нојер веројатно завршува на крајот од оваа сезона. Славниот голман ќе го прослави својот 40-ти роденден во март и време е да се пензионира.
Нема сомнение дека Нојер ќе биде испратен како гигант од Минхен, а челниците на најголемиот германски клуб веќе бараат замена. Исто така, се чини дека пронашле човек кој ќе заземе место меѓу стативите.
Французинот Мајк Мењан (30) би можел да стане новиот голман на Баерн. Интересот за услугите на 30-годишниот голман од Баварците е огромен. Не е ни чудо. Тој прави вистински чуда меѓу стативите на Милан и без сомнение е еден од најдобрите голмани во Европа во моментов.
Договорот на Мењан со „росонерите“ истекува на крајот од сезоната. Баерн е подготвен да му понуди услови што Милан не може и нема да биде изненадување ако овој неверојатен голман стане играч на германскиот гигант. Најважно за Баерн е фактот дека би можеле да го добијат Мењан целосно бесплатно. Сè што е потребно е договор околу платата.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата