Екс тренерот на Челзи седнува на клупата на Ница!

26.05.2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Екс тренерот на Челзи седнува на клупата на Ница!

Греам Потер по се изгледа дека се сели во Франција. Имено како што известуваат медиумите во Англија и Франција, екс стратегот на Челзи имал отворена понуда од Ница за да го преземе овој тим и да го води во наредниот период.

Откако Потер пред два месеци доби отказ од “сините“ од Лондон по катастрофалните резултати, тој имаше неколку понуди за тренерски ангажман, но досега на ниту една понуда не одговори потврдно.

Некогашниот тренер и на Брајтон, од каде дојде во Челзи, беше посочуван и како можен стратег на Вест Хем во склучај Дејвид Мојс да добие отказ.

Кога сме кај Ница да споменеме дека во овој клуб се некогашните ѕвезди од Премиерлигата како Арон Рамзи, Каспер Шмајхел, Рос Баркли….


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата