Екс германски репрезентативец ја заврши кариерата на 33 години затоа што не можеше да најде клуб

27.09.2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Екс германски репрезентативец ја заврши кариерата на 33 години затоа што не можеше да најде клуб

Поранешниот фудбалер на Баерн и на Хофенхајм, Себастијан Руди ја заврши фудбалската кариера на тажен начин бидејќи не успеа да пронајде нов клуб по повеќе од тримесечна потрага.
Руди играше за Хофенхајм вкупно 11 години во два мандати. Играше од 2010 до 2017, а потоа избори трансфер во Баерн. Со „Баварците“ стана шампион на Германија, а потоа преку Шалке повторно дојде во Хофенхајм за кој играше до ова лето. Договорот му истече, а клубот не го продолжи.
Руди како слободен фудбалер не успеа да најде нов клуб и одлучи да ја заврши кариерата. За Германија одигра 29 натпревари во период од пет години.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата