Клаузулата за откуп на Лоис Опенда од РБ Лајпциг во екипата на Јувентус е автоматски активирана. Белгискиот фудбалер официјално ќе стане член на „бјанконерите“ на лето, по едногодишната позајмица во редовите на „Старата Дама“. Досега, тој не се прослави, бидејќи постигна само два гола на 33 одиграни натпревари.
Двократниот европски шампион ќе плати значителна отштета – 40.700.000 евра за трансферот, од кои 3.300.000 за позајмица и 1.700.000 што би можеле да се реализираат преку бонуси. Значи, вкупно 45.700.000 евра.
Лучано Спалети и целиот Јувентус сега веројатно го сметаат Опенда за голем товар, па не е исклучено тој да биде испратен на друга дестинација на почетокот на следната сезона.

