Може да се каже и дефинитивно дека толку од Џиџи Донарума во ПСЖ. Веројатно најдобриот голман во свето и дефинитивно не сака да остане во таборот на европскиот првак. Иако договорот му истекува наредното лето, тој веќе го информирал својот тренер Луис Енрике дека сака уште летово да го напушти Париз незадоволен од понудата која раководството му ја понудиле за новиот договор и изнесува 10 милиони евра нето, без бонуси.
Сега на потег е ПСЖ. Ако го пушти Италијанецот тогаш може нештѕо и да заработи, но ако чека да му истече договорот следното лето тогаш Џиџи ќе си замине како слободен играч. Па така најверојатно ќе го продаде.
А дека има и тоа како интерес за Донарума, тука нема збор. Манчестер Јунајтед и Манчестер Сити, Челзи, Баерн Минхен и Галатасарај се подготвени да му дадат годишна плата од најмалку 12 милиони евра и плус бонуси,што секако дека е далеку поголема од онаа која му ја нуди ПСЖ.