Разликата помеѓу Ливерпул и Њукасл е 30 милиони фунти

29.07.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Разликата помеѓу Ливерпул и Њукасл е 30 милиони фунти
фото: Newcastle (X)

Ливерпул се надева дека ќе ја намали цената на Александар Исак и многу брзо ќе го привлече во своите редови. Напаѓачот на Њукасл изрази желба да се пресели во редовите на „црвените“, кои пак планираат да дадат сериозна понуда.

Според англиските медиуми Ливерпул е подготвен да му понуди на Швеѓанецот петгодишен договор. Клубот има намера да започне преговори со Њукасл за да дознае какви се условите. Првичната понуда на Ливерпул ќе биде околу 100 милиони фунти.

На „Енфилд“ се свесни дека Њукасл сака 150 милиони фунти за напаѓачот, но веруваат дека може да го финализира договорот за околу 120 милиони, вклучувајќи бонуси поврзани со перформансите на играчот. Се очекува претставници на двата клуба да се сретнат во следните два дена.

Минатата сезона во Премиер лигата, Исак одигра 34 натпревари, постигнувајќи 23 гола и асистенции.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата