Дон Карло има план како да ја победи Барса во недела!

7.05.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Дон Карло има план како да ја победи Барса во недела!

Во недела се игра Ел Класико. Меч кој би можел да го реши шампионот во Ла Лига за оваа сезона, посебно кога се однесува за Барселона.

Познато е дека каталонците имаат +4 бода и ако победат тогаш јасно е дека на три кола до крајот со +7 се ќе биде јасно.

Но, ако победи Реал Мадрид, инаку мечот се игра во Барселона, е тогаш ништо нема да биде решено.

Секако дека “кралевите“ после она што се случи вчера сметаат дека нивниот вечен ривал е разнишан и дека шансите за нивна победа и тоа како се зголемуваат.

Инаку медиумите во Шпанија пренесуваат дека Карло Анчелоти имал план како да се победи Барса на нејзин терен.Тој план бил осетно да се засили средниот ред и да се истрча со формација 4-4-2, значи Родриго би бил на клупа а во стартниот состав би се нашол Арда Ѓулер.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата