Се чини од вечерва нема веќе дилеми кој ќе биде нов тренер на Реал Мадрид, се разбира ако Флорентино Перез победи на претседателските избори на најголемиот клуб во светот.
Интересно беше вечерва во фудбалска Шпанија. Имено додека Енрике Рикелме, кој исто е кандидат за претседател говореше за тоа какви амбиции има со клубот, Перез со видео на социјалните мрежи се пофали со новиот тренер.
Се разбира дека тоа е Жозе Мурињо кој е облечен во дресот на Реал Мадрид.
Ова значи дека „Специјлниот“ после 13 години се враќа во Мадрид, ама само ако Перез остане на чело на Реал.

