Фудбалерите на Динамо Загреб го обезбедија своето место во третото коло од квалификациите за Лигата на шампионите откако го победија швајцарски Тун со 3:2 по продолженијата во спектакуларен и драматичен реванш натпревар во Максимир. Тун тргна со голема предност од 0:2 по првите 45. минути, па откако остана со играч помалку во 64. Минута, швајцарскиот шампион не издржа пред налетите на „модрите“. Динамо дојде до 2:2 и по продолженијата со еден фантастишен гол на Морис Валинчиќ дојде до конечните 3:2 за пласман во следната фаза.
Фудбалерите на Дрита предводени од Зекирија Рамадани се квалификуваа за третото прелиминарно коло од Конференциската лига на УЕФА откако го победија малтешкиот тим Флоријана по продолженија со резултат од 2:1 во реванш натпреварот од второто прелиминарно коло.
Вечерва видовме вистинска драма во Косово, каде што косовскиот шампион се спаси во последните моменти од натпреварот, откако првиот натпревар во Малта заврши нерешено 1:1, а истиот резултат беше и по 90 минути на реваншот на теренот на Дрита.

