Дијамантот со асистенција и 60.минути во игра во победата на Наполи кај Пиза!

17.05.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Дијамантот со асистенција и 60.минути во игра во победата на Наполи кај Пиза!
ФОТО:.facebook.com/SSCNapoli/

Од 12 часот се одиграа пет натпревари од 37.коло во Серија А. Се разбира дека за нас најинтересно беше на мечот Пиза – Наполи 0:3, со оглед на тоа што кај гостите стартер беше нашиот Елиф Елмас.

Дијамантот беше одличен, посебно во таа 27.минута кога прекрасно, од корнер, асистираше до Рахмани за 0:2. Претходно МекТоминеј погоди за 0:1 во 21.минута, конечните 0:3 беа дело на Хојлунд.

Инаку Дијамантот во 38.минута имаше супер шанса за гол, но не успеа да реализира.

Во 52.минута Елмас влезе во “клинч“ со домашниот играч Калабрези, по што и двајцата добија жолти картони. Неколку минути подоцна тренерот Антонио го повлече од игра нашиот репрезентативец кој очигледно беше нервозен.

Со оваа победа Наполи и дефинитивно го потврди пласманот во Лигата на Шампионите.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата