Големото римски дерби помеѓу Лацио и Рома кое што се играше вечерва на Олимпико заврши без победник 1:1. Како што и му доликува на ваков дуел, истиот беше своевиден спектакл, пред полни трибини, а гледачите не зажалија што присуствуваа.
Многу борба, шанси, активна игра и убави два гола.
Во првиот дел немаше голови, за да по само две минути игра во вториот дел нештата да се променат. Ромањоли погоди со глава по еден добро изведен слободен удар од лево. Лацио поведе, но противникот далеку од тоа дека се предаде напротив.
Прејде во офанзива, нападна и тоа му се исплатеше. Матиас Суле во 69. минута постигна ретко убав гол. „Распали“ по топката која што од гредата удри во теренот пројдувајќи ја гол линијата па излезе во поле. Судијата доби знак дека е гол, и покажа на центарот.
Славјето на играчите на Рома беше големо, затоа што знаеа дека голот е многу значаен во вакви мечеви. Истиот се покажа како решавачки затоа што токму тој и донесе бод на Рома.
Лацио сега е шести со 56. бодови, додека РОма е зад него со 54.