Денеска на програмата се последните три натпревари од 1/16 финалето на СП 2026, по што ќе се знаат сите осминафилани двојки. Нема некои посебни дерби мечеви, но во секој случај се очекуваат нови возбудувања. Се среќаваат Австралија – Египет, Аргентина – Зеленортските Острови и Колумбија – Гана.
Програмата се отвора во Далас, каде што играат Австралија и Египет. Под водство на Тони Поповиќ, Австралија се пласираше понатаму со победа над Турција (1-0) и реми со Парагвај (0-0), но и со пораз од 2-0 против домаќинот САД. Нивниот главен адут е солидниот дефанзивен блок предводен од Хари Саутар, додека во нападот бараат можности преку брзиот Нестори Иранкунда, кој ќе биде голема закана за Египќаните.
Од друга страна, египетскиот тим обезбеди историски пласман во следната фаза, но пред овој натпревар се загрижени за состојбата на Мохамед Салах. Неговиот настап е под голем знак прашалник поради повреда на препоните, а доколку капитенот не е подготвен, целиот товар во нападот ќе падне врз сè уште прилично бледиот Омар Мармуш. Што нè очекува во Тексас? Може да биде исклучително тежок натпревар со минимален ризик, во кој Австралија ќе се откаже од поседот и ќе бара можности од контранапади, што би можело да доведе до продолженија.
ДАЛАС – 20.00 Ч
Австралија – Египет
Во овој дуел од првата нокаут фаза на ова Светско првенство, бранителот на титулата Аргентина и дебитантот Зеленортските Острово се среќаваат во Флорида. Разликата во големината, не само на овие земји, туку и на фудбалската традиција и сила на националните селекции е огромна, но ова не е и не мора да биде лош знак за Африканците. Мора да се признае дека Аргентина доминираше во својата група со три победи, а ја предводи брилијантниот Лионел Меси, кој веќе постигна шест гола и го сруши рекордот за најмногу голови во историјата на Светските првенства. Селекторот Лионел Скалони ги враќа во почетниот состав одморените ѕвезди Меси, Мек Алистер и Де Пол, додека закрепнатиот Кристијан Ромеро се враќа во одбраната по мала повреда на коленото. З. Острови е единствениот од четирите дебитанти што стигна до нокаут фазата, благодарение на исклучително солидната одбрана што ги запре Шпанија (0-0) и Саудиска Арабија (0-0) во групата, а исто така ремизираше со Уругвај (2-2). Иако имаат проблеми со повредата на Телмо Арканхо, „Сините ајкули“ се надеваат на историско чудо. Сепак, индивидуалниот квалитет на Аргентина и неверојатната форма на Меси треба да донесат предност во корист на Јужноамериканците, а победникот од овој натпревар, во Атланта на 7 јули го чека победникот од натпреварот меѓу Австралијанците и Египќаните.
МАЈАМИ – 00.00 Ч
Аргентина – Зеленортски Острови
Крајот на 1/16 финалето во Канзас Сити ни го носи првиот, историски судир меѓу Колумбија и Гана, во борбата за судир во осминафиналето против Швајцарија во Ванкувер. Колумбијците, предводени од Нестор Лоренцо, влегуваат во натпреварот со огромна самодоверба откако го освоија првото место во Групата К, пред фаворизираната Португалија, и без ниту еден пораз. Јужноамериканците примија само еден гол, а во нападот ги имаат целосно подготвените ѕвезди Луис Дијаз, Хамес Родригез и опоравениот Луис Суарез, кој сè уште може да започне од клупата.
Гана, која ја води Карлос Кеироз, се пласираше како една од најдобрите третопласирани екипи од тешка група со Англија и Хрватска. Африканскиот тим има проблеми со повредите; напаѓачот Антоан Семењо се мачи со глуждот, додека Лоренс Ати Зиги е под знак прашалник на голот, па Бенџамин Асаре повторно треба да брани. Иако Гана поседува одбранбена цврстина, Колумбија сè уште ја игра улогата на фаворит поради ширината на составот и подобрата форма.
КАНЗАС – 03.30 Ч
Колумбија – Гана

