Денеска на ЕУРО: Стартува 2.коло од групната фаза, “коцкестите“ на дуелот со Албанија без право на кикс

19.06.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Денеска на ЕУРО: Стартува 2.коло од групната фаза, “коцкестите“ на дуелот со Албанија без право на кикс

Денеска со три меча од групте А и Б, стартува второто коло од групната фаза на ЕУРО 2024. Секако дека најинтересно ќе биде во Хамбург каде од 15 часот се среќаваат Хрватска и Албанија, во меч од групата – Б. Две репрезентации кои на стартот беа поразени, па аналогно на тоа не смеат да си дозволат нов неуспех и денеска, ова посебно важи за Хрватите. Кои ако не ги освојат денеска трите бода тешко дека ќе одат во следната фаза.

Во Штутгарт од 18 часот, моќната Германија се среќава со Унгарците, во натпревар од групата – А. Со победа секако дека “панцерите“ и дефинитивно ќе стават печат на пласманот во осминафиналето, сепак Унгарија и покрај поразот на стартот од Шкотска покажа дека е тврд орев за секој противник.

Денешната програма се затвора со дуелот од групата – А од 21 часот и тоа во Келн каде се среќаваат Шкотска и Швајцарија. Можност да се види дали навистина Шкотите се убедливо најслабата селекција на ова ЕП или дали Швајцарците уште вечерва ќе го заверат пласманот во следната фаза.

Фото: HNS Twitter

ДЕНЕСКА НА ЕП

ГРУПА – Б (15:00 Ч)

ХАМБУРГ: ХРВАТСКА – АЛБАНИЈА

ГРУПА – А (18:00 Ч)

ШТУТГАРТ: ГЕРМАНИЈА – УНГАРИЈА

ГРУПА – А (21:00 Ч)

КЕЛН: ШКОТСКА – ШВАЈЦАРИЈА


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата