Францускиот тим стигна до првиот трофеј во Лигата на шампиони, а Усман Дембеле во изјава за CBS рече дека ПСЖ заслужил да испише ваква историја.
„Овој успех ќе ни остане засекогаш во сеќавање. Финалето беше извонредно, почнавме силно и мислам дека сосема ја заслуживме оваа победа,“ изјави францускиот репрезентативец.
Воедно тој имаше и молба до навивачите пред да започне големот славје во Париз:
„Ќе биде неверојатно во Париз, но ве молам – без насилство, без да се крши нешто. Да бидеме мирни, само да славиме.“
Капитенот на ПСЖ, Маркињос, не ги криеше емоциите – крајот на натпреварот го дочека со солзи во очите.
„Трофејот го носиме дома. Се сеќавам на сите играчи кои беа тука и не успеаја – на мојот идол Тиаго Силва, Лукас, Златан, Кавани, Ди Марија… Многу играчи поминаа низ клубот и го заслужија ова. Денес ние успеавме. Се сеќавам и на нив и на сите навивачи. Никој не веруваше дека можеме да стигнеме вака далеку. Имавме тешкотии, патевме 12 години. Оваа титула е за нас – ја носиме дома. Пресреќен сум,“ рече бразилецот.