Давид Алаба може да стави крај на кариерата?

14.10.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Давид Алаба може да стави крај на кариерата?

Австрискиот репрезентативец Давид Алаба кој важи за еден од најдобрите бекови на светот, веќе подолго време е надвор од терените поради повреда. Тој требаше да се врати овој месец, меѓутоа тоа ќе се одложи поради компликации со повреденото колено.

Шпанскиот медиум „Онде Серо“ пренесува дека дефанзивецот би можел да стави крај на кариерата.

„Постојат стравувања дека Алаба нема да се врати на фудбалот. По секој тренинг чувствува болки затоа што му е истрошена ‘рскавицата на коленото и поради тоа доаѓа до триење на двете коски“, пренесува медиумот.

А „Релево“ пренесува дека неговиот кам-бек ќе биде одложен за три месеци, односно од јануари ќе почне со нормални тренинзи.

Алаба нема одиграно меч за Реал од 17 декември минатата година. На мечот со Виљареал ги повредил лигаментите поради што е опериран и помина низ долг период на рехабилитација.

 


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата