Јамал не издржа, брутално го нападна Реал Мадрид

21.09.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Јамал не издржа, брутално го нападна Реал Мадрид
ФОТО:facebook.com/fcbarcelona/

Атлетико Мадрид го победи Реал Мадрид со 2-1 во големото градско дерби, а по натпреварот следеше реакција која брзо стана хит на социјалните мрежи.

Младиот ас на Барселона, Ламине Јамал, не го криеше своето задоволство од исходот на натпреварот. На објавата на Инстаграм на неговиот репрезентативец Марко Пубиљо, кој сподели фотографија од дербито по победата на Атлетико, Јамал остави коментар составен од пет експлозивни емоџис.

Потегот веднаш привлече големо внимание од навивачите, а коментарот брзо собра повеќе од илјада лајкови и предизвика бројни реакции.

Објавата на Јамал не изненади многумина, бидејќи неодамна во интервју со легендарниот Хорхе Валдан призна дека ги следи натпреварите на Реал Мадрид и дека ужива кога кралскиот клуб губи.

„Ги гледам натпреварите на Реал Мадрид и уживам гледајќи ги нивните порази“, рече 19-годишниот напаѓач на Барселона.

По последниот пораз на најголемиот ривал, се чини дека пет емотикони беа доволни за дополнително да го разгорат ривалството помеѓу Барселона и Реал Мадрид и да предизвикаат бура меѓу навивачите на социјалните мрежи.

И Реал плука по судиите и верува дека се сериозно оштетени на теренот на „Ванда Метрополитано“. „Кралевите“ моментално се четврти со 15 бода и веќе се шест бода зад лидерката Барселона.

За разлика од Реал, кој веќе претрпе порази против Бетис и Атлетико, Барса е на својот врв и, предводена од Рафиња и талентираниот Јамал, во моментов изгледа незапирливо на патот кон нова титула.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата