Селекторот на репрезентацијата на Хрватска, Златко Далиќ денеска го објави списокот од 26 играчи кои ќе патуваат на Светското првенство следниот месец. Списокот на Далиќ изгледа вака:
Голмани: Доминик Ливаковиќ, Ивор Пандур, Доминик Котарски
Одбрана: Јошко Гвардиол, Лука Вушковиќ, Јосип Шутало, Марин Понграчиќ, Дује Ќалета-Цар, Мартин Ерлиќ, Јосип Станишиќ, Кристијан Јакиќ
Среден ред: Лука Модриќ, Матео Ковачиќ, Петар Сучиќ, Никола Моро, Марио Пашалиќ, Мартин Батурина, Никола Влашиќ, Лука Сучиќ, Тони Фрук, Иван Перишиќ, Марко Пашалиќ
Напаѓачи: Андреј Крамариќ, Анте Будимир, Петар Муса, Игор Матановиќ.
На листата на резерви се наоѓаат: Ловро Мајер, Фрањо Ивановиќ, Дион Дрена Бељо, Иван Смолчиќ, Карло Летица, Адријан Сегечиќ и Лука Стојковиќ.
Светското првенство ќе се игра од 11 јуни до 19 јули во САД, Канада и Мексико. Што се однесува до Хрватите тие се во групата Л заедно со Англија, Панама и Гана.
Хрватска го започнува својот настап на Светското првенство против Англија на 17 јуни во 22 часот по локално време.
Потоа, ќе игра против Панама на 24 јуни, а три дена подоцна ќе игра против Гана.

