Дала ја однесе Ангола во четвртфинале на КАН 2024 (ВИДЕО)

27.01.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Дала ја однесе Ангола во четвртфинале на КАН 2024 (ВИДЕО)

Фудбалската репрезентација на Ангола е прв четвртфиналист на Купот на Африкански нации. Денеска во првото осминафинале, Ангола со 3:0 ја совлада Намибија.

Избраниците на тренерот Соареш лошо го почнаа мечот, бидејќи голманот Неблу доби црвен картон поради играње со рака надвор од шеснаесетникот уште во првиот дел. Сепак и со играч помалку Ангола поведе во 38. минута преку Желсон Дала. Само две минути подоцна поради втор жолт картон Хауконго од Намибија исто така беше исклучен.

До крајот на полувремето Дала зголеми на 2:0, а Мабулулу го постигна конечниот резултат во 66. минута, по асистенција на Дала.

Ангола во четвртфиналето ќе игра со подобриот од натпреварот меѓу Нигерија и Камерун.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата