Некогашниот хрватски репрезентативец Ведран Чорлука би можел да го преземе Динамо Загреб на Риствски и Адеми. Како што објави весникот „24 сата“ поранешниот играч и капитен на хрватскиот национален тим е прв фаворит за испразнетото тренерско место.
Претходно Динамо ја објави за оставката на Фабио Канаваро, кој го водеше тимот од крајот на декември. Се зборуваше и дека Сандро Перковиќ ќе биде на чело на тимот до крајот на сезоната, но сега во игра е Чорлука.
Динамо (З) се наоѓа на 3. место во хрватскиот шампионат, со 46 бодови по 28 кола и заостанува 8 бода зад водечкиот Хајдук.