Челзи немаше милост: Седум гола во мрежата на третолигашот

4.04.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Челзи немаше милост: Седум гола во мрежата на третолигашот

Фудбалерите на Челзи се пласираа во полуфиналето на ФА Купот откако денес на „Стемфорд Бриџ“ го победија Порт Вејл со 7:0. Со тоа „сините“ ја прекинаа серијата порази и лоши резултати со убедлив триумф над последнопласираниот тим од третата лига на Англија.

Прашањето за победникот беше решено уште во првото полувреме кога беа постигнати три гола. Хато го постигна водечкиот гол, во 25-тата минута, Жоао Педро постигна гол за 2:0, а на крајот од првото полувреме, Палмер се запиша меѓу стрелците за 3:0.

Челзи продолжи во ист ритам и во второто полувреме. Во 57-та минута, Адарабијо погоди за 4:0, во 69-тата минута, Сантос стрелаше за 5:0, а по нив погодија и Естевао и Гарначо од пенал.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата