Бугарска работа…. жена му го измамила со кумот, им простил на двајцата

26.03.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Бугарска работа…. жена му го измамила со кумот, им простил на двајцата

Некогашниот голман на Лудогорец и репрезентацијата на Бугарија, Владислав Стојанов со јавноста сподели и тоа како интересен детал од неговиот приватен живот.

Своевремено во ист клуб настапувале со интернационалецот од Романија, Клаудиу Кесеру. Биле нераздвојни и дури романецот бил кум на неговата ќерка. Но, Стојанов набргу сватил дека Кесеру и неговата сопруга Венера имаа афера.

„Бевме нон стоп заедно, и во почетокот не можев да сфатам што се случува. Сепак, потоа добивав некакви сигнали но не сакав да реагирам. Бев во проблеми, имав големи долгови, а можев да ги вратам само си играње фудал. Но, целата приказна заврши кога сопругата на Кесеру дозна за сето ова и ми ги предочи доказите. Само еднаш разговарав со обајцата, и им простив. Јас или простувам или завршувам со тој човек кој згрешил во односот со мене“ – рече Стојанов во интервјуто.

Тој за Лудогорец настапи на 173 мечеви, а за Бугарија има дваесетина настапи.

 

 


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата