Ајнтрахт со минимален триумф над Штутгарт (ВИДЕО)

29.03.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Ајнтрахт со минимален триумф над Штутгарт (ВИДЕО)

Во еден од поинтересните дуели од колото во Бундес лигата викендов, тимот на Ајнтрахт го совлада Штутгарт на свој терен со минимални 1:0.

Стрелец на единствениот гол на овој меч, беше ветеранот Марио Геце кој што погоди во противничката мрежа во 71. минута.

Претходно гостите останаа со играч помалку, па на Ајнтрахт му беше олеснета задачата во голема мера.

Со оваа победа, Ајнтрахт застана на третата позиција на табелата со 48. бодови, додека пак Штутгарт е десетти со 37.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата