Босанците не издржаа во Торонто, реми против Канада!(ВИДЕО)

12.06.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Босанците не издржаа во Торонто, реми против Канада!(ВИДЕО)
ФОТО:.facebook.com/nfsbih/

Канада – БиХ 1:1 е исходот од мечот во Торонто, прв во групата Б на актуелниот Мундијал. Ова е прво реми во третиот натпревар на СП. Ова беше натпревар со многу возбудувања, и Канада и БиХ имаа свои шанси за победа. Лукиќ донесе водство за гостите во 21.минута, а Ларин израмни во 79.минута стрелаше за конечни 1:1.

Првата шанса за откривање на резултатот ја имаше Мемиќ за 0:1, но сепак не успеа. Канада врати со голема шанса во 17.минута кога Дејвид биеше силно и опасно, но голманот на БиХ, Васиљ беше фантастичен во оваа ситуација.

Гол за еуфорија во Торонто за гостите во 21.минута кога Лукиќ убаво се снајде пред домашниот гол за водство. Со тој гол се замина на пауза.

Очекувано, во второто полувреме Канада и тоа како притисна, додека четата на Сергеј Барбарез грчевито се бранеше, ама имаше и шанси за 0:2.

Сепак во 79.минута Ларин успеа да израмни на 1:1, искрено резултат кој и тоа како беше реален, иако во оваа ситуација гостите можеа да ја спречат. Голот беше потврден и од ВАР.

По тој гол играта уште повеќе се разгоре, сега Канада го имаше моментумот, селекција која тргна по нов гол за водство. За такво нешто Канада имаше во последните секунди, но сепак на крајот по бод за двете селекции.

Во оваа група се и селекциите на Катар и Швајцарија.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата