Поранешниот дефанзивец на Интер, Џузепе Бергоми, смета дека Алесандро Бастони треба да се пресели во некоја странска лига. Италијанската репрезентација загуби на пенали во финалето на плејофот од квалификациите за Светското првенство во 2026 година, а дефанзивецот на „нероаѕурите“ доби директен црвен картон во 41-вата минута поради старт врз Амар Мемиќ.
„Бастони ќе мора да ја напушти Италија за негово добро. Ќе изгубиме извонреден талент, еден од најдобрите дефанзивци во модерниот италијански фудбал. Многу ми е жал, дури и ако зборуваме за Интер, но мислам дека за негово добро ќе мора да се пресели во странство“, вели Бергоми.

