Белингем мора на операција, ќе паузира најмалку 3 месеци

21.05.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Белингем мора на операција, ќе паузира најмалку 3 месеци
фото: Real Madrid (X)

Една од главните ѕвезди на Реал Мадрид, Џуд Белингем, ќе биде подложен на операција на рамото по завршувањето на Светското клупско првенство. Англискиот репрезентативец има непријатности со оваа повреда веќе две години и постојано игра со потпорен завој.

Според „Атлетик“, операцијата е планирана по завршувањето на Светското клупско првенство на ФИФА кое ќе се одржи од 15 јуни до 13 јули во Соединетите Американски Држави. Според изворот, закрепнувањето од операцијата може да трае околу 12 недели. Затоа, Белингем веројатно ќе го пропушти почетокот на следната сезона во Ла Лига.

Планирано е операцијата да се изврши во истата клиника каде што оваа сезона беа оперирани Ферланд Менди, Антонио Рудигер и Едер Милитао.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата