Белгија со нов селектор на дуелите со Македонија – Руди Гарсија

24.01.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Белгија со нов селектор на дуелите со Македонија – Руди Гарсија

Францускиот стручњак Руди Гарсија е нов селектор на фудбалската репрезентација на Белгија. Како што потврдија од Белгиската федерација, тој ќе биде наследникот на Доменико Тедеско кој доби отказ на селекторското место.

60-годишниот Руди Гарсија ќе ги предводи Белгијанците на мечевите со Македонија во рамките на квалификациите за СП 2026. Претходно, Французинот беше тренер на Наполи, Ал-Наср, Лион, Марсеј, Рома и Лил.

Официјалната промоција е закажана за денеска.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата