Белгија со гол од пенал во 120+6.минута го РАСПЛАКА Сенегал!(ВИДЕО)

1.07.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Белгија со гол од пенал во 120+6.минута го РАСПЛАКА Сенегал!(ВИДЕО)
ФОТО:.facebook.com/fifaworldcup/

Неверојатен меч во Сиетл меѓу Белгија и Сенегал кој на крајот заврши со 3:2 и со пласман на “Ѓаволите“ во осминафиналето. Победничкиот гол беше дело на Тилеманс во 120.+6 минута и тоа од пенал за конечни 3:2 или во шестата минута од судиското продолжение во второто продолжение 2Х15 минути.

Сенегал има за што да жали посебно ако се знае дека до 86.минута имаше водство од 0:2, но Сенегалците сами си се виновни. По ова Белгија ќе игра во 1/8 финалето против подобриот од дуелот САД – БиХ.

Натпревар кој долго ќе се раскажува, Белгија беше во резултатска негатива од 0:2 а на крајот беше 3:2 за нив

Диара во 25.минута стрелаше за 0:1, а во 51.минута Сар погоди за 0:2. Голот за Белгија беше дело на Лукаку во 86.минута, а потоа за 2:2 стрелаше Тилеманс во 89.минута.

Се виде уште на почетокот од мечот дека Сенегал е разигран, решен да победи. До водството имаше две супер шанси, вистинско чудо е како Исмаила Сар не реализира зицер.

Белгија ништо не играше, додека Африканците ги диктираа настаните на теренот. Дури по примениот гол како да се разбудија избраниците на Руди Гарсија, но на пауза се замина со водство на Сенегал со 0:1.

И место Белгија да тргне во напад, во атаци кон противничкиот гол со сите сили, тоа се беше некако јалово. Треба да се издвои заканата на Лукебакио во 78.минута, но сега Сенегал имаше и тоа како среќа. Па така и натаму резултатот беше 0:2 за селекцијата од Африка која се обидуваше од контранапади да дојде и до третиот гол.

Затоа Белгија намали на 1:2 со голот на Лукаку во таа 86.минута за супер интересен финиш на овој меч во Сиетл. И тоа не беше се од Белгија, во 89.минута Тилеманс израмни на 2:2. Финиш за инфаркт.

Следуваа продолженијата, а Сенегал можеше се да реши уште по 90.минути ако се знае дека до таа 86.минута водство од два гола. Маратонот заврши во 120+6. минута од пенал дојде до победа. Стрелец беше Тилеманс.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата