Зад затворени врати и со состав во кој што не се најде и новото засилување, Адејеми, тимот на Барселона го одигра првиот пријателски меч летово. Против екипата на Европа. Истиот го доби со 4:1, а тренерот Хански Флик како што е тоа вообичаено за ваквиот тип на мечеви одбра играчи што се дел и од младинскиот состав.
Тимот на Барселона викендов ќе има слободно што се вели, а потоа се заминува на тренинг памп во Англија.
Следниот натпревар на Каталонците ќе биде на 31 јули против Бирмингем и ќе биде отворен за навивачите.
Ибрахим Диара, Хектор Форт, Ебрима Тункара и Алекс Гонзалез беа стрелци на головите за Барса.

