Барса со специјално барање до шпанската федерација во врска со Јамал!

28.04.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Барса со специјално барање до шпанската федерација во врска со Јамал!
ФОТО: FC Barselona/X

Повредата на Ламине Јамал е топ – тема во Шпанија. На натпреварот со Селта, големиот талент на Каталонците претрпе сериозна повреда на тетивата на левата нога, што го остави надвор од игра до крајот на сезоната. Засега, сепак, сè укажува дека тој ќе се заздрави до Светското првенство ова лето со шпанската репрезентација на Луис де ла Фуенте.

Па така шпански „Спорт“ објавува дека Барселона има специјално барање до шпанската репрезентација во врска со учеството на Јамал на Светското првенство во 2026 година. Клубот категорично не сака враќањето на големиот талент да биде брзо.
Каталонците разбираат дека тој ќе биде на списокот на Луис де ла Фуенте за Светското првенство, но доколку е потребно, нема да имаат ништо против да пропушти некои од првите натпревари на турнирот за да избегне ризици, со цел да биде целосно подготвен за потешката фаза. Така, можно е Јамал да не игра ниту против Капо Верде на 15 јуни на дебито на Шпанија на турнирот во САД, Канада и Мексико, ниту против Саудиска Арабија на 21-ви. Тој би можел да биде 100% подготвен за судирот со Уругвај, кој би можел да го одлучи првото место во групата, а потоа со самодоверба да се соочи со елиминациите и решавачката фаза од турнирот.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата