Барса одлучила: Нема нов договор за Левандовски

2.12.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Барса одлучила: Нема нов договор за Левандовски
Фото: ФЦ Барселона/Твитер

Роберт Левандовски најверојатно ќе ја напушти Барселона по завршувањето на оваа сезона. Напаѓачот на Барселона би сакал да остане во Каталонија уште една сезона, но тешко е да се очекува дека клубот ќе му понуди нова соработка.

Договорот на 37-годишниот Полјак со „блауграна“ е до крајот на тековната сезона. Веројатно истиот нема да биде обновен, објави „Атлетик“, повикувајќи се на извори од Барселона.

Како резултат на тоа, потпишувањето на нов централен напаѓач се смета за главна трансфер цел на Каталонците, а Полјакот ќе мора да побара нова средина.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата