Барселона би можела подолг период да биде без Френки де Јонг, кој се повреди на гостувањето кај Депортиво Ла Коруња (5:1). Холандскиот репрезентативец мораше да го напушти теренот во 65. минута, а тренерот Ханси Флик по натпреварот потврди дека станува збор за нова повреда.
Според информациите на каталонскиот медиум „Еспорт3“, првичните лекарски прегледи укажуваат дека Де Јонг би можел да отсуствува повеќе од еден месец, што би значело дека неговото враќање на терените би се случило дури во 2027 година. Се очекуваат дополнителни испитувања за да се утврди точната тежина на повредата.

