ВАР „фарса“: Ѓокереш како голман, судиите велат раката била во природна положба (ВИДЕО)

29.11.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ВАР „фарса“: Ѓокереш како голман, судиите велат раката била во природна положба (ВИДЕО)

Одлуката на ВАР да не досуди пенал за Манчестер Сити во самиот финиш од дуелот со Арсенал предизвика бурни реакции. Во 97. минута, топката по ударот со глава на Јошко Гвардиол го погоди Виктор Ѓокереш во раката, но образложението на судиите беше дека таа се наоѓала во природна положба.

Навивачите на Сити не го прифатија ваквото толкување, оценувајќи дека станува збор за очигледна игра со рака која спречила топката да продолжи кон голот.

„Ова е најочигледниот пенал што некогаш сум го видел“, гласи една од реакциите на социјалните мрежи.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата