Баражи за СП 2026 (ПОЛУВРЕМЕ): Италија поведе, па „поцрвене“, без голови во Приштина, водство за Чешка и Швеска

31.03.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Баражи за СП 2026 (ПОЛУВРЕМЕ): Италија поведе, па „поцрвене“, без голови во Приштина, водство за Чешка и Швеска

Возбудлив прв дел во бараж пресметките за пласман на фудбалскиот Мундијал ова лето.

Со голот на Мојс Кин, Италија оствари минимална предност од 0:1 на гостувањето во Зеница против Босна и Херцеговина во еден од најинтересните бараж-дуели за место на Светското првенство. „Аѕурите“ поведоа со гол по грешка на домашниот голман Васиљ, а до полувреме и Босанците имаа неколку убави позиции кои не успеаја да ги претворат во израмнување. Голема предност за БиХ ќе биде исклучувањето на Бастони, кој во 41. минута доби директен црвен картон

Чесите има амоќен старт на дуелот со Данска и уште во 4. минута успеаја да дојдат во водство од 1:0. Голот за предност на домашните на мечот во Прага беше Шулц.

Во Приштина, Косово и Турција останаа на почетните 0:0. И двете селекции можат да жалат што не дојдоа во водство, зато ашто имаа по една одлична шанса за погодок. Напрво Косово преку Аслани ја погоди пречката од голот на Чакир, а потоа Турците во контранапад имаа зицер за 0:1, но се сплеткаа и шансата пропадна.

Во Стокхолм, Шведска на полувреме против Полска води со 2:1. Со погодокот на Еланга домашните отворија за 1:0, но Полјаците возвратија преку Залевски за 1:1. Во завршницата бекот на португалска Брага, Лагербиелке погоди за ново водство на Швеѓаните од 2:1.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата