Баерн и Кејн уште малку ќе почекаат на титулата, Томас Милер се запиша во историјата на Бундеслигата!

26.04.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Баерн и Кејн уште малку ќе почекаат на титулата, Томас Милер се запиша во историјата на Бундеслигата!

Баерн Минхен на свој терен, во меч од 31.коло во Бундеслигата успеа да го победи Мајнц со 3:0, но сепак не ја официјализира својата 34.титула ако се знае дека и Леверкузен успеа да победи. Па така на три кола до крајот“баварците“ имаат осум бода предност. Тоа ќе се случи најверојатно следното коло и тогаш Хари Кејн ќе го урне проклетсвото, тој ќе го освои првиот трофеј во својата кариера.

Инаку на овој меч Томас Милер го запиша 500-тиот меч во Бундеслигата, тој е само четврти фудбалер кој одиграл толку мечеви во оваа лига за само еден тим.

Да кажеме дека стрелци на головите за Баерн Минхен беа Сане, Олисе и Даер.

На останатите мечеви Леверкузен со 2:0 славеше против Аугзбург. Кил со 4:3 го победи составот на Менхенгладбах, Волфсбург дома беше поразен од Фрајбург со 0:1. Дортмунд како гостин славеше против Хофенхајм со 2:3.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата