Баер не попушта: Или 150 милиони евра или Вирц не оди никаде!

16.05.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Баер не попушта: Или 150 милиони евра или Вирц не оди никаде!
фото: Bayer 04 Leverkusen (X)

Баерн и натаму не се откажува од идејата да го купи Флоријан Вирц, но очигледно има голем проблем со сумата која „фармацевтите“ ја бараат за својот млад бисер.

Според новинарот Флоријан Плетенберг, доколку тимот од Минхен понуди 100 милиони евра за Вирц, како што се најавува со денови, Баер (Л) веднаш ќе ја отфрли таквата понуда.

Клубот од Леверкузен строго постави сума од 150 милиони евра за сите заинтересирани клубови за фудбалерот. Според Плетенберг, Баер сака конечна одлука од Вирц за тоа дали сака да остане или да си замине, најдоцна следната недела. Досега, Баер тврди дека не добил никакви официјални писмени понуди.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата