Аугзбург го менува тренерот

1.12.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Аугзбург го менува тренерот

Сандро Вагнер нема повеќе да биде тренер на Бундес лигашот, Аугзбург. Тој и менаџментот на клубот спогодбено го раскинаа неговиот актуелен договор, и клубот ќе има нов кормилар многу скоро.

Вагнер го предводи баварскиот клуб од почетокот на оваа сезона, а на 14 натпревари под негово водство, Аугсбург има забележано 3 победи, 1 нерешен резултат и 8 порази и е на 14-то место во Бундеслигата.

Клубот преку официјално соопштение му се заблагодари и нему и на неговиот стручен штаб.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата