Атлетико Мадрид го извести Арсенал за цената што ја бара за напаѓачот Хулијан Алварез. Денес, Атлетико Мадрид официјално објави дека нема да го продаде 26-годишниот Аргентинец во Барселона.
„Немало преговори и нема да има. Уверени сме дека играчот ќе ја разбере оваа одлука и ќе даде сè од себе“, објавија од тимот на „јорганџиите“.
Бен Џејкобс тврди дека претставници на Атлетико Мадрид го посетиле Лондон минатата недела за да разговараат за продажбата на Хулијан со Арсенал. Клупски извори се обиделе да ја прикажат посетата на англиската престолнина како рунда преговори за напаѓачот на Челзи, Николас Џексон, но целта всушност била иднината на Алварез.
Атлетико Мадрид го информираше Арсенал дека ќе разгледа понуди за фудбалерот во вредност од најмалку 120 милиони фунти (140 милиони евра).

